Oд утре полициски час од 20 часот, се затвораат и угостителските објекти

89

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот.

Забрана за посетители гости во сите угостителски објекти, како и во угостителски објекти во хотели, мотели и на бензински станици. Оние кои вршат подготовка на храна, може да ја доставуваат преку онлајн или телефонски нарачки. Оваа забрана важи од 7 до 21 април.

Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и се забрануваат семинари, конференции.