Францускиот воздухопловен синдикат планира да штрајкува од вторник до четврток, а авиопревозниците ќе мора да го намалат бројот на летови на големите аеродроми, објави француската управа за цивилно воздухопловство DGAC, јавува Ројтерс.
Управата побара од авиопревозниците да го преполоват бројот на летови на аеродромите во Париз, Лион, Ница, Марсеј, Тулуз и Бордо.
Синдикатот протестира против планот на Европската унија да го либерализира цивилниот воздушен простор под Единствено европско небо, кој предвидува укинување на националните граници во управувањето со воздушниот простор. Целта е да се овозможи безбедно и ефикасно користење на воздушниот простор и системите на управување со воздушниот сообраќај во границите на ЕУ и надвор од нив.