Од утре во Грција влез во затворени простори само со сертификат

141

Одлука со која се забранува влегување во затворени простории на невакцинираните лица ќе стапи на сила во Грција од утре, а казната за оние кои не ја почитуваат оваа мерка е 300 евра, додека за оние кои ќе се обидат да го фалсификуваат сертификатот е 3.000 евра.

Поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, властите се обидуваат да ги намалат бројките на заразени кои се зголемија во последните неколку недели. Според дописникот на РТС, во Грција дневно има околу 3.000 заразени, што е седум пати повеќе од пред три недели.

Засега важи препораката дека не треба да има затворање, но од утре невакцинираните лица нема да можат да влегуваат во угостителски објекти, кина, театри и затворени простории воопшто. Овие простори ќе можат да се полнат до 75%. 

Стапката на вакцинирани во Грција е околу 40%, а планот е тие да бидат околу 70% до есен, со тоа што одредени категории веројатно ќе имаат задолжителна вакцинација. Од есен, најверојатно ќе бидат вакцинирани оние кои работат во домови за стари лица, здравствени работници, но и оние кои работат во угостителски објекти. Исто така може да бидат опфатени и студентите, но и оние кои работат во образованието, бидејќи наскоро започнува учебната година.

Фото: Pixabay