Од виљушкарист до директор на американски гигант

Американскиот синџир на големо Costco доби нов директор. Во време кога смената на директори е сосема нормална работа, примерот на овој синџир е единствен во светот на бизнисот кога станува збор за вакви транзиции.

Третиот по големина ланец од ваков тип во САД има само тројца директори од неговото основање во 1984 година. Основачот Џејмс Синегал се повлече од функцијата директор во 2012 година. Него го наследи Крег Јелинек, а нов е Рон Вакрис.

Од оператор на виљушкар до директор
Јелинек се приклучи на компанијата кога беше основана во 1984 година, како управител на складиште. Тој напредуваше речиси 30 години за да стане директор во 2012 година.

Вакрис има слична приказна.

Започнал во исто време со Јелинек, возејќи виљушкар.

Додека работел, тој го посетувал и колеџот на заедницата Глендејл во Аризона, учејќи за бизнисот кој се исплател. Тој беше унапреден во асистент генерален директор во продавницата во Колорадо во 1989 година.

Две години подоцна, тој беше именуван за генерален директор на локацијата Југозападен Денвер.

За 40 години во компанијата смени многу позиции, се додека не дојде до директорската позиција.

Нето годишниот приход на компанијата е нешто повеќе од шест милијарди долари.

Фото: Facebook