Од Volkswagen најавија: Претплати се и изнајми електричен автомобил

78

Најголемиот европски производител на автомобили Volkswagen нуди можност за изнајмување наместо купување на електричен автомобил. Од почетокот на овој месец, потрошувачите во Германија ќе можат да резервираат електрични автомобили на компанијата преку претплатата AutoAbo на официјалната веб -страница на компанијата.

Volkswagen објави дека направи серија електрични автомобили кои можат да се изнајмат со претплата на нивната веб – страница Корисниците ќе можат да изнајмат  модели ID.3 и ID.4 за период од три или шест месеци, а потоа да ја обноват својата претплата. Првиот модел чини 499 евра месечно, а вториот – 649 евра. 

Ова е голем чекор кон дигитализација на продажбата на електрични автомобили и покажува модел кој би можел да се користи во иднина.