Од земјава лани извезени цигари вредни 17,4 милиони долари

63

Минатата година земјава на странски пазари продала цигари во вредност од 17.470.000 долари, што е за 34,8% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, извозот на цигари лани беше на ниво од 20,2 милијарди долари, а најголем удел од 17,3% има Полска со 3,5 милијарди долари. Меѓу најголемите извозници на цигари во светот лани беа и: Германија (2,3 милијарди долари), Хонгконг (1,1 милијарди долари), Сингапур (1,1 милијарди долари) и Холандија (962 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е најголем извозник со 211,2 милиони долари. По нејзе следуваат: Србија (195,4 милиони долари), Хрватска (129 милиони долари) и Бугарија (64,8 милиони долари). Црна Гора (1,4 милиони долари) и Босна и Херцеговина (1,2 милиони долари) имаат помал извоз од Македонија, кога станува збор за извозот на цигари.

Во однос на увозот на цигари, земјава лани се позиционираше на 87-мо место со увоз од 22,6 милиони долари. Во светски рамки, увозот лани беше 21,4 милијарди долари, а Јапонија е најголем увозник со 2,2 милијарди долари.

Фото: Freepik