Одбележување на почетокот на жетвата на пченка во Пелагонија

41

Почетокот на жетвата на пченка во Пелагонија денес ќе биде симболично обележан со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Имено, во текот на оваа година земјоделците од Пелагонија со помош од иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка постигнаа рекордни приноси на пченка.

Иницијативата која започна во февруари 2013 значително ја зголеми локалната понуда на пченка за добиточна храна преку воведување на иновативни земјоделски практити и нови системи за капка-по-капка наводнување.

Скоро сите 40 земјоделци од Полог и Пелагонија кои учествуваа во иницијативата ги зголемиле приносите на зрно од пченка за 26% и приносите на силажа (добиточна храна составена од стебла и листови на пченка) за 53%.

Следната година иницијативата Да одгледуваме повеќе пченка ќе премине во втората фаза и ќе им помогне на уште повеќе земјоделци од Полог и Пелагонија да станат конкурентни мали бизниси.
Со модернизацијата на производството на пченка во Македонија ќе се зголемат приходите на малите и средните земјоделски бизниси, но ќе се зголеми и вредноста на поврзаните индустрии кои зависат од пченката за добиточна храна, како што се млекопроизводството и живинарството.