Одберете ја машината за миење садови што ќе ви користи вам и на вашата кујна

327

Вашиот избор на вградни машини за садови се дизајнирани одлично да се вклопат во денешните модерни кујни.

Секоја модерна кујна, голема или мала, заслужува машина за миење на садовите. Наше мислење е дека таа треба да биде елегантна, ефикасна и лесна за управување.

Токму овие особини можете да ги најдете во сите понудени модели на престижниот бренд ЕЛЕКТРОЛУКС.

Сите модели се оценети со класа А и погоре во заштедата на енергија, паметно дизајнирана внатрешност за лесно полнење и голем избор на програми кои ви одговараат вам и на садовите што ги миете. Доколку имате голема кујна, тогаш може да одберете еден од двата понудени модела со максимална ширина од 600 мм или за помалите кујни моделот на машина со ширина од 450 мм.

glavna_580

Фрлете ги ракавиците

slika_1Машините ги мијат садовите многу почисто отколку вие на раце, благодарение на потоплата вода и многу помоќните детергенти, но и ги сушат на многу похигиенски начин отколку да ги пребришете садовите со крпа. Размислете само колку машината за садови ќе ви ја одржува кујната уредна. Валканите садови ќе бидат сместени надвор од видното поле сè додека не ја дополните машината и е спремна за работа.

Дали знаете?

slika_2Потребни ќе ви бидат 103 литри вода да ги измиете садовите на рака, но само 12 литри за истата количина доколку ги миете во машина!

Најефикасната машина за миење на садови на Електролукс употребува 12 литри вода за да измие 120 парчиња садови.

Може да заштедите повеќе од 7.000 литри вода годишно со машината за садови, отколку миејќи ги садовите на рака.

vasa-vizija-footer