Одбиле да го преземат Фолксваген по војната: „Не вреди ништо“

75

По Втората светска војна, Форд пропуштил историска можност да стане сопственик на Фолксваген без финансиски надомест.

Компанијата од Волфсбург била во незавидна положба, а фабриката била многу оштетена. По одредено разгледување од страна на менаџментот на Форд, понудата била одбиена.

На Форд му било предложено да го преземе по Втората светска војна, кога германскиот гигант бил на колена.

Имало само нацрт и скромно производство на нешто наречено „KdF-Wagen“, а биле произведени само 210 возила пред фабриката да престане со работа поради сојузничките бомбардирања и преобразбата за време на војната.

„Сила преку задоволство“ е превод на кратенката „KdF“, измислена во канцеларијата на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, а по војната немало ниту сила ниту задоволство.

Фабриката во Волфсбург завршила во британскиот окупациски сектор и немало интерес за купување на речиси бесплатната компанија.

Во 1947 година, луѓето од групата „Rootes“ (производители на Hillman, Humber и Sunbeam) биле првите од кои било побарано да ја преземат компанијата, но тие не биле заинтересирани за германската авантура и не виделе комерцијален потенцијал во „KdF-Wagen“.

Британската администрација не знаела што да прави со фабриката, па во 1948 година биле воспоставени контакти со Форд.

Хенри Форд Втори и претседателот на компанијата, Ернест Брејч, дошле да се сретнат со Британците и Брејч во еден момент му кажал на сопственикот:

„Господине Форд, мислам дека тоа што ни го понудија не вреди ништо.“

Британците потоа му ја предале фабриката на германскиот инженер Хајнрих Нордхоф, а се останато после тоа е успешна приказна.

„KdF Wagen“ станува Буба, подоцна доаѓа и Голф… и седумдесет години подоцна, Фолксваген и Форд склучија нов договор за деловна соработка.