Oдделите за кардиологија и кардиохирургија во Аџибадем Систина претставени пред група од 40 врвни кардиолози од Русија

166

Со цел да се запознаат со начинот на организираност, капацитетите и развојните можности на Одделите за кардиологија и кардиохирургија, медицински тим од 40 руски кардиолози ја посетија Клиничката болница Аџибадем Систина, како здравствена институтција која важи за еден од референтните кардио- центри во регионот.

Кардиолошкиот тим од Русија за време на посетата имаше можност да се запознае со спецификите на работа, опременоста на Одделите, најновите достигнувања и протоколи на работа кои овозможуваат максимална професионала грижа за пациентите на Аџибадем Систина.  Шефот на Одделот за кардиологија , д-р Жарко Христовски, вели дека ваквите средби се добредојдени и секогаш се користат за размена на искуства и впечатоци од начинот на поставеност и концептот на работа.

„ Посетата на руските колеги ја искористивме за размена на позитивни искуства и релации. Клиничката болница Аџибадем Систина е секогаш отворена за средби од ваков тип бидејќи од големо значење е можноста за презентирање и споредување на резултатите од секојдневната работа со пациентите. Тоа што руските кардиолози  изразија желба за посета на Аџибадем Систина секако многу зборува за подготвеноста и рејтингот на нашата болница во поширокиот регион “, вели д-р Христовски.

Одделот за кардиохирургија беше претставен од страна на д-р Владимир Белостотски, кој од неодамна се приклучи на тимот кардиохирузи во Клиничката болница Аџибадем Систина.

Модерниот изглед, софистицираната опрема , начинот на кој се пристапува кон пациентите и условите за навремена дијагностика и третман се едни од клучните сегменти според кои кардиолозите од Русија ја поставија Клиничката болница Аџибадем Систина за лидер во регионот.

„Клиничката болница работи според сите светски стандарди, што е од голема важност за пациентите, ова е навистина врвна установа со модерен изглед и опрема, што овозможува пациентите да се чуствуваат сигурни и безбедни. Клиниката е подготвена на секое ниво да овозможи квалитетна и професионална здравствена заштита, почнувајќи од влезот на клиниката па се до подготвеноста и учтивоста на персоналот. Она што посебно ми се допаѓа е тоа што пациентите за релативно кратко време може да ги направат сите потребни испитувања и да добијат комплетна  клиничка слика на едно место“, изјави д-р Олга Рункова, кардиолог.

„Она што е најважно е секако размената на искуства, ние се трудиме да работиме според светските протоколи. Аџибадем Систина е исклучително професионална установа и драго ми е што имав можност да го запознаам тимот кардиолози и концептот на работа“, вели д-р Наталија Богомолова, кардиолог.

Групата кардиолози доаѓаат во организација на домашната фабрика за лекови Реплек Фарм од Скопје, која подолго од седум години успешно соработува со СОТЕКС, една од најголемите фабрики за лекови во Русија. Докторите доаѓаат од различни медицински центри во Русија и се воглавно неинтервенти каридолози.