Одлични деловни резултати: Audi плаќа рекорден бонус на своите вработени

57

На годишната конференција Audi имаше причина да се пофали. Со Bentley, Lamborghini и Ducati, профитот  беше неверојатни 7,12 милијарди евра. Минатата година, Audi испорача само 1,6 милиони автомобили – најмал број од 2013 година, но благодарение на високите цени, високиот удел на поскапи возила и, за прв пат, вклучувањето на производителот на луксузни автомобили Bentley во билансот на Audi, вредноста продажбата се зголеми за 16 отсто на рекордни 61,75 милијарди евра.

Брендовите Bentley, Lamborghini и Ducati вклучени во билансот на Audi придонесоа со 1,4 милијарди евра во оперативниот резултат. Вишокот пари значи дека треба да се распределат некаде. Бенефит ќе имаат акционерите, дел ќе одат за нови инвестиции, особено во Кина, која е пазар со барања, а дел ќе одат кај работниците. Околу 55.000 вработени во Ауди во Германија добија увид во шемата за распределба на профитот, пишува Manger Magazin.

Квалификуваните работници ќе добијат 8.500 евра, велат од компанијата.