Одлуката на ОПЕК + за намалување на испораките на нафта може да биде пресвртница за светската економија

82

Минатонеделната одлука на групата производители на нафта ОПЕК + за намалување на производството поттикна зголемување на цените и може да ја турне светската економија во рецесија, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

„Наглото влошување на економските услови и повисоките цени предизвикани од планот на ОПЕК + за намалување на испораките ќе ја забават глобалната побарувачка на нафта. Со постојаните инфлациски притисоци и зголемувањето на каматните стапки кои го прават својот данок, повисоките цени на нафтата би можеле да се покажат како пресвртница за светската економија која веќе се движи на работ на рецесија“, се вели во месечен извештај на ИЕА, пренесува Ројтерс.

Со ова предупредување, ИЕА укажува на раздор со Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта и де факто лидер на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), оценува британската агенција.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе има „последици“ во односите со Саудиска Арабија, без да прецизира какви се, по потегот на групата ОПЕК +, но Ријад ги отфрли критиките наведувајќи дека потегот не е политички и има за цел да се балансира пазарот и да се ограничи нестабилноста.

Вистинските загуби во снабдувањето на пазарот на нафта веројатно ќе бидат околу еден милион барели дневно, а не два милиони барели, како што најави блокот ОПЕК +, кој ги собира членовите на нафтениот картел и сојузниците, вклучително и Русија, објави ИЕА.

Ограничениот капацитет, кој го попречува производството во другите членки на ОПЕК, значи дека најголемиот товар од намалувањето на транспортот ќе падне на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, се проценува во извештајот, но новите санкции на Г7 и Европската унија кон Русија би можеле да дополнително заострување на ситуацијата со глобалната по понуда.

Европската унија овој месец го поддржа планот на земјите од Г7 за ограничување на цените на извозот на руската нафта, како дел од сетот нови глобални санкции кои имаат за цел да ги намалат приходите на Москва за финансирање на војната во Украина.