Oдлуки што ги носат успешните луѓе и се придржуваат кон нив

36

mailovi

Фото: Pexels

Учете од најуспешните, нека нивните одлуки бидат ваша поука која ќе ви помогне побрзо и посигурно да го постигнете посакуваниот успех.

Поминување повеќе време на она што НЕ треба да се направи

Kреирање на листа со работи кои нема да ги направите само ќе ви помогне да инвестирате повеќе од вашето скапоцено време на неколкуте нешта што навистина вредат.

Најпрво важните работи, потоа проверување на мејл

Само што ќе се разбудиме веднаш посегнуваме по читање на мејловите. Но, оние најуспешните не прават така, прво посветуваат време на најважната задача во денот и потоа кога истата ќе биде завршена ги разгледуваат мејловите.

Повеќе акцент наКојнаместо наШто

Не треба премногу да се концентрирате на моменталниот производ и неговата дистрибуција (Што) и да дозволите да изгубите осет за постојаната промена на потребите на клиентите (Кој).

Пронаоѓање на целта  

Доколку не ја знаете целта на вашата компанија, односно вашата сопствена цел, пронаоѓањето на истата е од круцијално знаење.

Пружање поддршка каде што треба

На многу организации и луѓе им е потребна поддршка и давање на истата на било кој начин ќе придонесе и вие да бидете посреќни.

Да се има повеќе избор

Ако се чувствувате дека имате повеќе избор, ќе бидете посреќни и помалку ограничени во работите.

Мисија да се биде креатор, не жртва

Што е вашата крајна цел? Што ви стои на патот? Како да ги надминете пречките? Одговорите на овие три едноставни прашања ќе ви помогнат да не бидете жртва во ниедна ситуација.