Oдлуките на Гејтс сигнал за пазарна криза – Ги продава акциите и вложува во нови сектори

456

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс почна да ги продава своите акции и да инвестира во други сектори.

Иако повеќе не е на водечката позиција на технолошкиот гигант, сепак се следат деловните потези на 67-годишниот милијардер. Според медиумите, експертите ги гледаат последните одлуки на Гејтс како сигнал за пазарна криза.

Според некои теории, Гејтс смета дека одредени сектори стануваат ризични. Се вели дека купува акции во сектори поврзани со човечките потреби, како што се земјоделството (Sanderson Farms) или водни услуги (Canadian Pacific), како и акции во домашни транспортни компании.

Според листата на Форбс, Гејтс е четвртиот најбогат човек во светот со проценета вредност од 130 милијарди долари. Гејтс  во последните две години најчесто зборуваше за пандемијата на коронавирус.

На почетокот на 2021 година, Гејтс ја презеде титулата „најголем сопственик на земјоделски парцели во САД“, бидејќи  купи огромни парцели низ целата земја.