ODO Denim – џинс што не треба да се пере

31

odo1

Стартапот ODO Denim тврди дека ја создал првата ткаенина на светот што самата се чисти, односно не дозволува да се акумулираат бактерии. Основачот Салман Чадри кој потекнува од Пакистан, вели дека добил инспирација од извршниот директор на Levis, Чип Берг, кој во едно интервју изјави дека цела година не ги перел фармерките, пишува The Express Tribune.

Салман е во текстилната индустрија веќе пет години и од прва рака знае колку многу вода е потребно во процесот на производство на еден пар фармерки. Затоа се обиде да најде поодржливо решение. А како што стои на нивната интернет страница, само еден пар од овие фармерки помагаат да се заштедат 7.200 чаши вода.

odo3

Додека истражувал, Салман дошол до заклучок дека има две главни причини поради кои се перат фармерките – поради дамки или поради пот. Ако се елиминираат овие две причини, ќе нема потреба да се перат. Понатаму, Салман сфатил дека астронаутите не ги перат своите скафандери, благодарение на среброто што го содржат, а познато е дека луѓето 200 години го користеле поради неговите антибактериски својства. Затоа Салман измешал сребро во ткаенината и на тој начин ги држи бактериите на страна. Тој објаснува дека луѓето всушност немаат мирис – лошата миризба се создава од бактериите што се хранат со пот. Ако нема бактерии, нема миризба.

odo2

Секој пар фармерки содржи просечно 10 до 15 грама сребро.

“Среброто е вткаено во ткаенината, што е трајно. Не е само слој или на површината, тоа е дел од самата ткаенина. Дури и ако се исперат сто пати, среброто нема да исчезне. Ќе трае додека трае ткаенината”, објаснува Салман.

Проектот е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде до сега се собрани преку 120.000 долари. Целта беше да се соберат 10.000 долари, а до крајот на кампањата има уште 25 дена.

odo4