Одобрена колективна тужба од 18,5 милијарди долари за MasterCard во Велика Британија

59

Врховниот суд на Велика Британија даде зелено светло на колективната тужба против MasterCard во висина од 18,5 милијарди долари, поради наводно повисоко наплатени надоместоци за над 46 милиони луѓе во земјата во текот 15-годишен период.

Со решение на Врховниот суд се отфрла жалбата на MasterCard и се отвора пат за прва британска колективна тужба на потрошувачи по нови правосудни прописи и дава насока за други колективни тужби што се стопирани до донесување на оваа пресуда, пренесува Ројтерс.

Овој комплексен случај, што е покренат откако MasterCard го изгуби долгорочниот жалбен спор од 2007-ма година против Европската комисија поради пресуда дека неговите надоместоци се спротивни на правилата на конкурентност, што може да донесе обештетување за граѓаните на Британија, доколку се пресуди во нивна полза.

Фото: Freepik