Одобрена продажбата на Телеком Косово

41

ptkКосовската влада ја одобри продажбата на 75% акции во Телеком Косово на меѓународен конзорциум што го сочинуваат меѓународна инвестициска компанија со седиште во Германија, ACP Axos Capital Gmbh и инвестициска компанија со седиште во САД, Najafi Companies, а партнер им е British Telecom Group. Конзорциумот понудил највисока цена, 277 милиони евра, наспроти вториот понудувач, либански M1 International Ltd. кој понудил 150 милиони евра, јавува РТС.

Очекувањата беа дека Телекомот ќе биде продаден за најмалку 300 милиони евра.

Косовскиот министер за економија Бесим Беќај изјави дека продажбата гарантира 2.500 работни места во Пошта и Телеком Косово (ПТК) во наредните три години. Договорот ќе биде потпишан следните два месеци, а новите сопственици ќе имаат уште два месеци да ги уплатат парите.

ПТК има преку милион претплатници на услуги во мобилната телефонија, 100.000 претплатници во сегментот на фиксна телефонија, а пружа услуги на пристап до интернет и кабелска телевизија. Во приватизацијата не е вклучен огранокот за поштенски услуги. Конкурент на ПТК е локалниот огранок на Словенија Телеком.

Првиот обид за продажба на ова претпријатие во 2011 година заврши со неуспех поради корупцискиот скандал во кој беа вмешани високи претставници од компанијата.