Одобрени 2.678 кредитни барања во износ од 30,3 милиони евра од третата кредитна линија на Развојната банка

37

Вкупно 2.678 барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонентна Ковид 3 на Развојната банка на Северна Македонија. Вкупниот износ за одобрените барања, како што денеска соопшти Банката, е 30,3 милиони евра.

На јавниот повик Ковид 3 пристигнале кредитни барања од 3.282 компании од кои обработени се вкупно 3.155 барања или 96 %. Од нив, 2.678 апликации ги исполниле условите од јавниот повик, а 477 не исполниле најмалку еден или повеќе услови во повикот.

Најмногу од одобрените кредитни барања или 1.413 се од мали компании, 1037 од микро компании, 170 од трговци-поединци и 58 се барања од занаетчии. Корисниците на бескаматните кредити од третата линија вработуваат вкупно 18.927 лица.