Одобрени три понуди за Галеника

37

galenika-580x311

Комисијата за спроведување постапка за стратешко партнерство за Галеника, ги одобри сите три доставени понуди, јавува Танјуг.

Сите понудувачи за стратешко партнерство во Галеника ги исполнуваат условите, откако два пати ја дополнувале документацијата.

Во трка за оваа српска фармацевтска компанија остануваат Cadila Pharmaceuticals Limited од Индија, EMS S.A. од Бразил и конзорциумот Frontier Pharma Limited од Велика Британија и LLC NPO Petrovax Pharm од Русија.

Во наредниот период, комисијата ќе спроведе анализа на понудите и ќе утврди предлог ранг листа што ќе ја достави до српската влада на усвојување.