Одржан Европскиот квиз на пари

14

Европскиот квиз на пари е една од многуте активности што се организираат секоја година за време на Европската недела на пари. Шест млади ученици од основните и средни училишта од Словенија, Северна Македонија и Германија беа победници во финалето во 2019 година на Европскиот квиз за пари, меѓународниот натпревар за финансиска писменост, кој привлече повеќе од 100.000 студенти од 28 европски земји.

Оваа година поради пандемијата со вирусот (COVID-19) на ден 16-06-2020 година во 14 часот, големото финале на овој квиз се одржа преку онлајн конекција вклучувајќи ги сите пријавени земји учеснички, а кој во живо се пренесуваше на YouTube
(линк: https://www.youtube.com/EuropeanMoneyQuiz).

На овогодинешното големо финале на квизот, најбрзи и најподготвени беа учесниците од Шпанија. Квизот се реализираше на англиски јазик и истиот беше отворен за секој што имаше желба да учествува и тоа учениците (победници или не на националните натпревари во секоја земја учесничка на квизот), нивните родители, пријатели, колеги и секој што го следеше натпреварот.

Со овој настан се одбележа официјалното затворање на овогодинешниот Европски квиз на пари.