Odyssey – интерактивна алатка за создавање мултимедијални приказни

25

oddyssey

Се што се случува има место каде што се случува е логиката на Odyssey.js. Станува збор за нова алатка која користи карти со цел податоците да ги трансформира во интерактивни мултимедијални приказни.

Оваа алатка им овозможува на корисниците, без оглед на нивните вештини за координација и снаоѓање во просторот, нов начин на раскажување и пренесување на приказните. Со 35.000 долари, колку што вложи фондацијата Knight Prototype, креаторите на cloud computing платформата CartoDB осмислиле иновативна и отворена алатка за која се надеваат дека ќе ги поместат традиционалните граници во раскажувањето преку текст, фотографии или видео материјали, пренесува хрватски Пословни дневник.

“Фондацијата Knight Prototype е основана пред една година ипол, а се обидува преку експерименти да го држи чекорот со забрзаното темпо на технологијата и иновациите. Knight годишно обезбедува околу 100 милиони долари субвенции на годишно ниво, од кои 30 до 40 милиони се наменети за иновации во новинарството и медуимски иновативни програми“, вели Крис Бар, соработник за медиумски иновации на фондацијата.

Toj вели дека фондацијата сака да го забрза циклусот на производството и со тоа брзо да создаде нови алатки за новинарите и издавачите кои ќе им служат во работата, а медиумите ќе ги направат поинтересни и попривлечни.

CartoDb гради картографска технологија, како што се интерактивни карти за помош при визуелизирање на твитови за настани или брендови. CartoDB сака да го збогати искуството при раскажување со користење на карти по што ја креирале алатката Odyssey.js. Оваа алатка фунскионира така што може да се постават рамки во системот за управување со содржини, па издавачите можат да додадат интерактивни мапи на нивната интернет страница, со цел полесно да ја раскажат приказната.