OECD бара нов економски концепт

23

Организацијата за економска соработка и развој (Organisation for Economic Co-operation and Development – OECD) ги повика владите да осмислат нов економски концепт за да ја зајакнат отпорноста на земјите во периодот по пандемијата.

“По катастрофалната 2020 година, изгледите се подобруваат“, вели Лоренс Бон, главен економисти на OECD.

Организацијата проценува дека светската економија минатата година се намали за 3,4%, а оваа година би требало да порасне за 5,6%.

Според економистите на OECD, пандемијата ги разоткрила слабостите на економиите, како што е долгорочната невработеност што не се намали ни со помош на државните мерки вредни милијарда долари.

Фото: Pexels