ОЕЦД очекува економскиот раст да забави на 2,8 проценти во 2026 година

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денес објави дека глобалниот економски раст ќе забави од 3,4 проценти во 2025 година на 2,8 проценти во 2026 година поради војната на Блискиот Исток, додека делумно закрепнување до раст од 3,1 процент се очекува во 2027 година.

Наведеното основно сценарио на прогнозата подразбира ограничени прекини во снабдувањето и постепено закрепнување на производството и извозот на енергија од земјите од Персискиот Залив од средината на 2026 година.

Второто, помалку поволно сценарио предвидува дека прекините во производството и извозот на енергија би можеле да траат во текот на целата 2027 година, со повисоки цени на енергијата, зголемен ризик од недостиг и заострување на глобалните финансиски услови.