ОЕЦД очекува глобален економски раст од 2,9 отсто во 2026 година и мало забрзување до 3 отсто во 2027 година

Светската економија треба да порасне за 2,9 проценти во 2026 година, а потоа да забрза на три проценти следната година, и покрај последиците од конфликтот на Блискиот Исток, повисоките цени на енергијата и зголемената неизвесност во трговската политика, изјави денес Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својот нов извештај.

Прогнозата за оваа година е малку зголемена во споредба со претходната јунска проекција, кога изнесуваше 2,8 проценти, додека прогнозата за 2027 година е ревидирана надолу од 3,1 процент.

Глобалниот раст забави во првата половина од 2026 година, но остана отпорен во многу земји, со големи залихи на нафта, дополнително снабдување од производители надвор од Персискиот Залив и владини мерки за поддршка кои го ублажуваат влијанието на конфликтот врз глобалната економија, соопшти ОЕЦД во извештај.