ОЕЦД: Значително намалена прогноза за глобален раст за 2023 година

65

Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) нагло ги намали прогнозите за светскиот раст следната година поради зголемените тешкотии во еврозоната поврзани со војната во Украина и синхронизираниот пораст на каматните стапки за да се ограничи инфлацијата.

ОЕЦД очекува светскиот БДП да биде 2,2 отсто, во споредба со прогнозата од 2,8 отсто во јуни, а земјите од еврозоната ќе забележат раст од само 0,3 отсто, во споредба со претходно прогнозираните 1,6 отсто.

Меѓународната организација со седиште во Париз очекува Германија да биде првата голема европска економија која ќе влезе во рецесија следната година со очекуван пад на БДП од 0,7 отсто.

„Изгледите за глобалниот раст се влошија“, се вели во извештајот, пренесува Бета.

Недостигот на смиреност на теренот во осмиот месец од руската инвазија на Украина, обележан со неодамнешната мобилизација на руските резервисти, го поттикна песимизмот на организацијата за економијата во блиска иднина.

По тешката 2022 година за домаќинствата и компаниите, пред сè поради скокот на инфлацијата, светскиот раст ќе продолжи да слабее и во 2023 година, наведуваат од институцијата.