Огласот за вработување кој се појави во австриски весник Kleine Zeitung стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот работник, но и дарежливата плата која се нуди за таа позиција.
Работодавачот нуди 15 плати годишно во износ од 6.000 евра, а за возврат бара некој кој истовремено би можел да биде домаќинка, приватен готвач, градинар и техничар.
Покрај вакцинацијата против коронавирусот, лицето потребно е да има валидна гастро или туристичка обука и работно искуство во „ексклузивни домаќинства или хотели“.
Меѓу другите невообичаени услови, беше наведено дека кандидатот треба да има „одлично однесување, негуван изглед, самоуверен став, како и апсолутна флексибилност, лојалност и дискреција“. Мора да има и „слаба волја за патување и љубов кон животните“.
На барање на магазинот Хојте, регрутерите не сакале да дадат никакви дополнителни информации за да ја заштитат приватноста на клиентот. Откриле само дека очекуваат многу апликанти бидејќи е понудена добра плата.











