Огромен пад: Ќе се градат сè помалку станови

Сè помалку станови ќе се градат во Германија во наредните години, е заклучокот од студијата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Институтот предвидува дека оваа година во Германија ќе бидат изградени околу 245.000 станови во нови станбени згради, а тој број ќе се намали на 210.000 во 2024 година и на околу 175.000 во 2025 година.

Кога ќе се земат предвид и другите градежни проекти кои треба да се завршат, во 2025 година ќе се изградат вкупно 200.000 станови, што е половина од целта на германската влада.

„Причината за овој пад е првенствено големото зголемување на трошоците за изградба“, смета експертот на ИФО, Лудвиг Дорфмајстер.

Тој забележува дека германската влада истовремено драстично ги намалила субвенциите за изградба на нови станбени згради и повторно ги заостри стандардите за нивна изградба.

„Веќе многу месеци, огромното мнозинство градежни инвеститори не започнаа нови проекти. Нарачките што моментално се во нивните книги се однесуваат на претходни проекти кои се веќе премногу напредни за да бидат откажани“, вели Дорфмајстер.

Станбените згради се градат пред се за богата клиентела за која зголемувањето на трошоците за изградба не е таков проблем, се заклучува во студијата.