Огромна економска штета од поплавите во Германија

51

Германските власти соопштија дека економската штета од поплавите во западниот дел на земјата ќе биде огромна.

Многу домаќинства се уништени и повеќе од 100 луѓе починаа.

Сојузни и државни власти ветија финансиска помош на погодените од областите во Германија. Неколку верски организации повикаа на донации за помош на населението што изгуби скоро сè во поплавите.

Поплавени се и неколку фабрики, а клучната инфраструктура од Келн до Бон е оштетена.

Неколку електрани со коишто управува германскиот производител на електрична енергија се погодени со силна поплава, а штетите се милионски.

Иако ситуацијата се стабилизирала како што опаѓа нивото на вода, уште не е јасно кога ќе продолжат редовните активности и производството на електрична енергија да се врати со полн капацитет.

Фото: Pexels