Огромна загуба на Газпром во првата половина од годината

89

„Газпром“, рускиот енергетски гигант, загуби 5,5 милијарди долари во првата половина на 2024 година, што е речиси двојно повеќе од загубата од 2,95 милијарди долари во истиот период во 2023 година.

Зголемувањето на загубите на рускиот гасен монопол е пред сè последица на намалените испораки на гас во Европа, додека оперативните трошоци на компанијата остануваат високи.

Во 2023 година, испораките на природен гас во Европа од Газром беа намалени за 55,6 отсто, пренесува Сеебиз.