„Оилко КДА“ го зголеми својот удел во „Макпетрол“

Kомпанијата „Оилко КДА“ – Скопје ја зацврсти својата позиција како еден од најголемите акционери во  „Макпетрол“ АД Скопје.

Според официјалното известување поднесено до Македонската берза, во согласност со Правилата за котација, „Оилко КДА“ се стекна со дополнителни 42 обични акции од издавачот „Макпетрол“.

Cо оваа последна трансакција „Оилко КДА“ сега поседува вкупно 31.413 обични акции. Со тоа, нивниот вкупен сопственички удел во гигантот „Макпетрол“ сега изнесува значителни 27,95 %.