ОИЛКО КДА го зголеми учеството во Макпетрол АД на 27,79%

Компанијата ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми својот сопственички удел во „Макпетрол“ АД Скопје, покажува  известувањето објавено на Македонската берза.

Акционерот ОИЛКО КДА – Скопје се стекна со дополнителни 956 обични акции од Макпетрол АД Скопје, со што неговото учество во компанијата достигна 31.229 акции, односно 27,79% од вкупниот број на издадени акции, објави Македонската берза АД Скопје.

Акцијата на Макпетрол се тргува по просечна цена од 116.000,00 денари