Околу 100 земји размислуваат да воведат дигитална валута, но не постои единствен модел кој им одговара на сите

Фактите од искуството со првите лансирани дигитални валути на централните банки (CBDC) ширум светот укажуваат дека не постои модел кој одговара на сите, вели директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Според проценките на ММФ, околу 100 земји во моментов размислуваат за проекти за CBDC, според студијата на Фондот објавена вчера, во која се претставени примери на шест земји, вклучувајќи ги Кина, Шведска и Бахамите, каде што дигиталните пари веќе се во оптек или се во напредна фаза на тестирање, пренесува Ројтерс.

Претставувајќи го овој извештај, директорката на ММФ Кристалина Георгиева рече дека главниот заклучок од првичните искуства е дека треба да се извлечат поуки.

Ако CBDC се дизајнирани „промислено“, тие потенцијално би можеле да обезбедат поголема финансиска ефикасност, да им го олеснат на луѓето пристап до услуги од банкарски тип и да ги намалат трошоците за циркулација на пари.

Дигиталните валути на централните банки, исто така, треба да бидат побезбедни во однос на „криптовалутите кои се инхерентно нестабилни“, како и против подобро регулираните „стабилни монети“ кои генерално се поврзани со фиат валута (т.е. валута што не е поддржана од некоја физичка стока како злато или сребро, но зад неа стои државата).

Георгиева прво изјави дека ниту еден CBCD модел „секому не му одговара“, а второ посочи дека при моделирањето на националната дигитална валута најважно е да се има предвид финансиската стабилност и приватност и да се воспостави рамнотежа помеѓу развојот на дизајнот и политиката од друга страна.

„Ова се само почетоци на дигиталните валути на централните банки и не знаеме до каде и колку брзо ќе оди“, заклучи Георгиева.