Околу 200 луѓе кои пристигнуваат од ризичните региони одат во карнатин на Криволак

232

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција најави дека околу 200 лица кои ќе пристигнат преку граничниот премин Деве Баир ќе бидат во групна изолација во касаранта Пепелиште која е целосно подготвена.

“Околу 200 луѓе, кои беа на унгарско-српската граница се очекуваат со организиран превоз на Деве Баир. Најголем број од нив работеле во ризичните региони во Италија, дел од нив во Австрија, точниот број ќе го регистрираме откако ќе дојдат во нашата земја. Сите ќе одат во касарната Пепелиште во Криволок во заедничка изолација“, истакна Филипче.

Министерот нагласи дека додека се тие 200 лица во изолација, нив ќе ги чуваат припадници на Министерството за внатрешни работи и ќе имаат редовна контрола од лекари.

“Во силен ек е епидемијата, очекувано е во наредниот период бројот на заболени да се зголемува, затоа е многу важно да се спречи локално пренесување. Тешко е да се предвиди точно кога ќе биде пикот и затоа ова што ќе го кажам земете го со резерва. Можно до 2.000 граѓани да бидат заболени, а пикот да биде за еден месец од сега. Затоа апелирам да останете дома, да не се групирате, излегувајте од дома само ако имате итност. Не контактирајте со многу луѓе, не се задржувајте во маркетите, држете растојание и секако одржувајте хигиена, мијте раце“, апелираше Филипче на денешната прес-конференција.

Фото: Борче Поповски