Почетна Новости Европа Околу 30.000 компании во Австрија се пред затворање

Околу 30.000 компании во Австрија се пред затворање

48

Најстрогата мерка за заклучување во Австрија донесе околу 30.000 компании на работ на егзистенција, а оваа епидемиолошка мерка ја чинеше само трговијата 10 милијарди евра. Во угостителскиот сектор и туризмот исто така се заканува бран на стечаи.

Продавниците низ Австрија минатата година мораа да бидат затворени 73 дена, а со овогодишниот локдаун беа затворени повеќе од 100 дена.

Според анализата на Универзитетот во Линц, тоа чинело околу 10 милијарди евра нереализиран промет.

Најтешко погодени се продавниците за облека и за обувки, кои не можат да ги надоместат загубите.

Продавниците за спортска опрема исто така бележат загуби поради намалениот број на туристи.

Хотелиерството во Австрија губи 255 милиони евра промет неделно поради епидемиолошките мерки. Фитнес центрите, кои остануваат затворени и досега загубија најмалку 30 % од своите редовни клиенти се сериозно погодени.

Националната банка на Австрија претпоставува дека и покрај државната помош, околу 30.000 компании ќе банкротираат до крајот на следната година.

Фото: Pexels