Околу 50% од руските купувачи на гас отвориле сметки во рубљи, тврди Новак

42

Приближно половина од 54-те странски клиенти на „Газпром експорт“ отвориле банкарски сметки во рубљи за да го платат рускиот гас, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

Новак рече дека вкупно 54 странски компании, меѓу кои големи, средни и мали, имаат договори со Газпром експорт, пренесува Тас с.

„Знам дека приближно половина од нив веќе имаат отворено сметки (во Газпромбанк) – една во странска валута и една во рубљи“, така што плаќањата во странска валута подоцна може да се претворат во рубли, рече тој.

Конечната листа на купувачи на руски гас, кои се согласиле да преминат на плаќање во рубљи, ќе биде објавена во следните неколку дена, додаде Новак, пренесува Танјуг.