Околу 800.000 сопственици на Mercedes-Benz предупредени дека нивните автомобили може да се запалат

149

Mercedes-Benz ги извести сопствениците на неколку негови луксузни автомобили за проблем во системот за ладење што може да доведе до пожар, додавајќи дека во овој миг не може да ги повлече возилата бидејќи не може да ги набави потребните делови.

Проблем е можното истекување на течноста за ладење од пумпата, што може да доведе до загревање на делови од возилото. Неисправна пумпа е инсталирана во модели : GLE/GLS (167 platform), C-Class (205 platform), E-Class (213 platform), S-Class (222 platform), S-Class (223 platform), E-Class Coupe/Convertible (238 platform), GLC (253 platform), CLS (257 platform) и G-Class (463 platform), наведува Дајмлер.

„Во меѓувреме, со возилата треба да се постапува со голема претпазливост и нивната употреба да се сведе на минимум. Сопственикот на возилото што треба да се повлече секогаш може да контактира со најблискиот сервисен партнер на Mercedes-Benz,“ се наведува во соопштението на компанијата.

Дајмлер не ја потврди информацијата на весникот Билд наведува  дека неисправниот систем за ладење можеби го имаат 800.000 автомобили.