
Во земјите на Европската унија во декември се регистрирани 910.505 нови патнички автомобили, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA), а пренесува Танјуг. Резултатот е значително поповолен од ноември, кога е забележан пад на регистрациите на нови автомобили за 1,9 отсто на годишно ниво. Декемвриските резултати од големите европски пазари укажуваат на значителен раст на продажбата на автомобили во Шпанија за 28,8 отсто, со поскромниот раст од 1,5 отсто во Франција, додека годишен пад на продажбата е забележан во Германија, пад од 7,1 отсто. а во Италија за 4,9 отсто.
Декември беше забележан најголем удел на нови хибридно-електрични возила (HEVs), од 33,6 проценти. Потоа следат возилата на бензин (29,6 проценти), електричните возила на батерии (15,9 проценти), а потоа дизел автомобилите (9,8 проценти). Бројот на регистрирани електрични возила со батерии во декември се намали за 10,2 отсто на годишно ниво на 144.367 автомобили, првенствено поради падот на новите регистрации на BEV во Германија (пад од 38,6 отсто) и Франција (пад од 20,7 отсто). Ако ги анализираме податоците за цела 2024 година, ќе заклучиме дека бројот на регистрации на нови автомобили во Европската унија се зголемил за 0,8 отсто на годишно ниво на приближно 10,6 милиони возила, наведува ACEA на својата веб-страница. Шпанија забележа годишен раст на регистрациите на патнички возила од 7,1 отсто, додека пад е забележан во Франција (3,2), а во Германија за еден отсто, додека во Италија е половина процент. Минатата година во Европската унија се регистрирани 1.447.934 нови електрични возила со батерии, што е за 5,9 отсто помалку од 2023 година.











