Околу шеесет македонски производи ќе се извезуваат во САД со едноцифрени тарифи

Шеесет и три, шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава.

– Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три, шеесет и четири производи, кои што се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и шест и пол проценти, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД.

Тој додаде дека изминативе месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на тие преговори.