ОКТА донираше новогодишни пакетчиња за штитениците на Д-р Златан Сремец и Иднина

56

OKTA_logo-564x272 Штитениците на посебните основни училишта Д-р Златан Сремец и Иднина и оваа година добија новогодишни пакетчиња од компанијата ОКТА. Станува збор за вкупно 280 штитеници од двете училишта. Компанијата ОКТА на деца, покрај новогодишни пакетчиња им подари и топли зимски елеци.
Децата од посебните основни училишта, на претставниците на ОКТА им приредија новогодишни приредби.
Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за општествена одговорност во ОКТА, рече дека зимските елечиња кои им ги подариле на децата се нешто што им е неопходно, но и дека нема ништо повредно од тоа да се покаже хуманоста преку посветување на внимание.
„Овие дечиња се со навистина скромни желби, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Токму затоа, ниту една предновогодишна еуфорија не поминува без нашето заедничко дружење“, изјави Хелман Денковска.
Анета Петровска, директорката на ПОУ Иднина, ја искажа својата благодарност кон комапнијата ОКТА, која секоја година ги развеселува децата од ова училиште.
„ОКТА е наш пријател веќе седум години, и со своите предновогодишни посети на децата им ја разубавува предноновогодишната еуфорија. Бескрајно сме им благодарни за посветеноста и за покажаната грижа кон овие дечиња со посебни потреби, а благодарение на нив сега имаме топли елеци за студената зима, но и топлина во срцето заради верното пријателство“, изјави Петровска.