Окта прокнижи бруто добивка од 186 милиони денари во првиот квартал

48

okta

Компанијата Окта забележа бруто добивка во висина од 186 милиони денари, додека во истиот период лани таа изнесувала 69 милиони денари, стои во соопштението за остварениот финансиски резултат на компанијата, објавено на Македонска берза.

“Резултатите од првиот квартал беа окарактеризирани од непреченото извршување на добро прифатената Програма на ОКТА за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини. Учеството во Програмата со реализација од 75% е значително повисоко од очекуваното. Вкупната сума на Програмата е предвидено да изнесува до 234 милиони денари“, стои во соопштението.

Воведувањето на нова продажна политика, примената на таргетирана програма за ефикасност и дисконтинуитет во производството, како што се наведува, се главните фактори за подобрување на финансиските резултати.