Ola: Интелигентна брава што се отклучува само со отпечаток од прст

118

ola

Многу често се случува да дојдеме пред вратата од домот и да започне “потрагата“ по клучевите во чантата или во истиот момент да сфатиме дека сме ги заборавиле или загубиле. Тимот на Olalocks има решение на овој проблем во вид на брава што се отклучува само со отпечаток од прстот.

ola 5

Постојат голем број на брави од овој тип за коишто е потребно повеќе од 30 секунди за да се поврзе мобилниот уред со Bluetooth па дури тогаш да се отклучи. Она по што се разликува Ola е тоа што има вградено Bluetooth 4.0 врска и технологија за препознавање на отпечатокот од прстот. Поради тоа, за Ola не само што не се потребни клучеви, нема потреба и од телефон.

ola 1

Тестирањата покажаа дека четирите вградени AA батерии на бравата и овозможуваат две години нормално користење, но back up ААА батеријата го продолжува векот на траење на седум години.

ola 3

Ola ќе може да ја користат членови од семејството, но и пријателите чиј отпечаток од прст ќе биде соодветно регистриран. Штом еднаш го запамети отпечатокот, бравата се поврзува со апликацијата Ola, благодарение на која секој следен пат може без никаков проблем да се отвори вратата за една секунда.

ola 2

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, досега за поддршка на овој проект се собрани повеќе од 43.000 долари.