Оли Рен се враќа во ЕЦБ

27

Финскиот политичар и неуспешен кандидат за претседател на таа земја, Оли Рен, денеска изјави дека на 31 јануари ќе се врати на своите позиции како член на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) и гувернер на Централната банка на Финска.

Инаку, Рен е на отсуство од работа од јуни 2023 година поради обврски поврзани со претседателската кампања.

Тој тврди дека неговата кампања била во согласност и со Уставот на Финска и со етичките правила на Европската централна банка и Банката на Финска.