Оливер Блумe: Кина е фитнес центар за автомобилската индустрија

Кина е „фитнес центар“ за автомобилската индустрија, изјави извршниот директор на Volkswagen (VW) Оливер Блуме во интервју за германскиот неделник Die Zeit. Посочувајќи дека кинеските производители станаа конкурентни за кратко време благодарение на иновациите, пишува весникот за финансии.

„Иновациите, на пример во батериите, софтверот и автономното возење, се развиваат (во Кина – уред.) прагматично и економски, многу брзо и многу креативно“, изјави Блуме за неделникот Die Zeit.

Продажбата на VW се намали минатата година поради послабите резултати во Кина. Таму, автомобилскиот гигант продаде речиси 10 отсто помалку возила отколку во 2023 година. Тие сè уште ја задржаа својата водечка позиција на пазарот за возила со мотори со внатрешно согорување. Уделот на пазарот е повеќе од 20 проценти, забележува новинската агенција ДПА. На пазарот на електрични автомобили, одамна е претекнат од кинескиот BYD.

„Во Кина за краток период се разви конкурентна автомобилска индустрија и таа сега е еден вид „фитнес“ центар за нас“ – Оливер Блумe.

Фото: facebook