Омбудсман: Грција да го намали градежништвото и да ја заштити природата за стабилност на туризмот

40

Грција треба да ја намали интензивната градба и да ги заштити водните ресурси и крајбрежните области доколку сака да одржи стабилен туризам, објави денеска грчкиот Народен правобранител.

Во својот извештај, народниот правобранител предупреди на зголемените ризици за животната средина и повика на итни реформи во туризмот, бидејќи грчката економија во голема мера се потпира на овој сектор, објави Ројтерс.

Туризмот носи повеќе од четвртина од економскиот приход во Грција, а речиси два милиони Грци живеат од туризмот, се вели во првиот извештај на грчкиот Народен правобранител за туризмот од формирањето на функцијата во Грција пред 25 години.