„Омикрон“ затвори 300.000 работни места во САД во јануари

106

Американскиот приватен сектор загуби 301.000 работни места во јануари поради ширењето на „омикрон“ варијантата на коронавирусот, според извештајот за вработување на компанијата „ADP“, заснован на платните списоци од приватни работодавци.

Извештајот за губење на повеќе од 300.000 работни места во приватниот сектор ги изненади економистите кои предвидуваа зголемување на нови работни места за 207.000 во јануари, пишува Си-Ен-Ен.

Ова е, исто така, прв пат „ADP“ да пријави пад на вработеноста од декември 2020 година.