
Австрискиот енергетски концерн ОМВ, во третиот квартал годинава претрпе пад на приходите од 45 отсто и пад на нето добивката од 64 отсто во однос на истиот период лани.
Во исто време, компанијата најави инвестиција од повеќе од 170 милиони евра во изградба на фабрика за рециклирање во Германија.
Во третиот квартал од годинава приходите на ОМВ достигнаа 9,5 милијарди евра, а нето добивката 431 милион евра. Прилагодениот оперативен профит падна за 62 отсто на 1,3 милијарди евра, објави австриската новинска агенција АПА.
Полошите резултати се резултат на тоа што лани цените на нафтата и гасот беа рекордно високи, а годинава паднаа.
Фото: Facebook