On-line состаноци

56

web-kamera

Фото: Pixabay

Светот станува глобално место за живеење. On-line состаноците стануваат сè повеќе актуелни во нашите животи.

Сме пишувале неколку пати за тоа – како треба да се однесувате на состаноци, но On-line состаноците бараат дополнителни подготовки и вештини.

Еве ви неколку совети како да поминете без проблеми на овој вид состаноци:

  1. ФОКУС – бидејќи овие состаноци најчесто ги правиме или во домашна атмосфера или во канцеларијата каде се и другите колеги, најдобро ќе биде некако да се изолирате и да се исклучите од можни дефокусирања (деца, домашни миленичиња, колеги, метеж…)
  2. Технологија – знаејќи дека технологијата може да биде проблематична, треба да го имате на ум и ова:
  • Рестартирање – за секој случај рестартирајте го комјутерот. Со тоа ем ќе мора да ги затворите сите непотребни програми, ем ќе ја намалите можност да се случи нешто непредвидено.
  • Вклучете се порано – минимум 10 минути приклучете се на линија за да проверите дали е се ОК со програмата која ќе ја користите за состанокот.
  • Интернет конекција – проверете ја конекцијата дали е ОК. Во секој случај, секогаш имајте
  • Алтернативен начин на интернет конекција – или друг провајдер или да земете интернет од друго место (вашиот мобилен, друга канцеларија, или слично).
  • Струја – ако сте на лаптоп, имајте полна батерија, во спротивно имајте до себе друг извор на струја.
  1. Агенда – договорете ја претходно агендата за состанокот и за времетраењето. Тоа ќе ви помогне да знаете колку некои од горенаведените работи ќе треба да ги имате предвид, како помошна варијанта.
  2. Конверзација – кај овој начин на состаноци, ќе треба да го дослушувате соговорникот или соговорниците. Мора да бидете доста внимателни. Немојте да упаѓате во збор. Внимавајте и на тонот на дискусијата.
  3. Подготвени – дојдете подготвени на состанокот. Овој вид на состаноци бараат претходна подготовка, што значи доколку имате некои нејаснотии околу точките на состанокот, претходно решете си ги. Немојте тоа да го правите за време на состанокот.
  4. Улоги – дефинирајте ги улогите на сите инволвирани во состанокот. Кој ќе води записник, кој ќе го води состанокот итн.
  5. Гледајте во камера – ова е важно кај состаноци каде што се корсти камера. Можете да подгледнувате во вашите нотеси, но поголемиот дел од времето мора да ви биде во камерата, затоа што кај соговорниците на нивниот монитор се покажува дека гледате во нив. Кога сме кај камерата, проверете дали ви работи, но пред да го започнете состанокот.
  6. Звук – обрнете внимание на гласноста на звукот. Понекогаш знае да се јави ехо, односно звукот што вие го слушате од вашите соговорници, да се пренесува на микрофонот, па тие да се слушаат самите.
  7. Дополнителни алатки – гледајте да користите микрофон и слушалки. Со тоа ќе се изолирате и ќе бидете пофокусирани на разговорот.

On-line состаноците знаат да бидат добар начин за заштеда на вашето време и пари, но ако не се подготвите добро, тие може да бидат исцрпувачки и да ви доземат многу непотребно време. Дополнитлено на ова е и вашата едукација и познавање на технологијата, па затоа или едуцирајте се или имајте во тоа време некој кој се разбира од оваа технологија.

Со успех во промените.