
Електричниот и електронскиот отпад се трупа низ целиот свет, а стапките на рециклирање остануваат ниски и веројатно ќе бидат уште пониски во иднина, се вели во извештајот објавен од Меѓународната унија за телекомуникации на Обединетите нации (ОН) и истражувачката група УНИТАР.
Агенциите го дефинираат „е-отпад“ како секој фрлен уред со приклучок или батерија, како што се мобилни телефони, електронски автомобили и играчки, телевизори, електронски цигари, лаптопи или соларни панели, пренесува АП.
Според извештајот на агенциите на ОН, околу 62 милиони тони „е-отпад“ биле „создадени“ ширум светот во 2022 година, а оваа бројка може да се зголеми на 82 милиони тони до 2030 година.











