ОН: Светот ќе гладува ако не се отворат пристаништата на Црното Море

23

Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека луѓето ширум светот ќе гладуваат доколку украинските пристаништа на Црното Море наскоро повторно не се отворат.

„Треба да ги отвориме овие пристаништа за да може храната да доаѓа и да излегува од Украина. Светот тоа го бара бидејќи стотици милиони луѓе ширум светот зависат од овие резерви“, рече извршниот директор на WFP, Дејвид Бисли, цитиран од Би-Би-Си.

„Во моментов, украинските силоси за жито се полни“, посочи тој.

WFP е загрижена дека ова лето нема да има простор за складирање ако силосите не се испразнат сега, што ќе значи дека ако силосите не се испразнат наскоро, нема да има простор за складирање ова лето, што ќе генерира големи количини отпад и понатаму покачување на цените на храната на светско ниво.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство проценува дека 25 милиони тони жито во моментов се во Украина додека нејзините пристаништа на Црното Море се затворени.

Од февруари, Украина, еден од водечките светски производители на пченка и пченица, не може да извезува жито со воз.