ОН: За постигнување на целите за климатските промени потребни се 2,4 трилиони долари

24

Светот треба да обезбеди најмалку 2,4 трилиони долари за да се одржат целите за климатските промени на вистинскиот пат, изјави  шефот на ОН за климата Сајмон Стил.

Извршниот секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени истакна што треба да се направи оваа година за да се промени ситуацијата, обраќајќи им се на група студенти во Баку, главниот град на Азербејџан и домаќин на климатскиот самит COP29 што ќе се одржи во ноември.

Ова беше првиот голем говор на Стил по собирот на Обединетите нации во Дубаи, каде што речиси 200 земји се согласија да го започнат процесот на транзиција од фосилни горива за да се спречат најлошите ефекти од климатските промени.